Јанешлиева со „Mоре 5“ на триенале во Токио

18
Графиката „Море 5“ (мал формат) на македонската графичарка Славица Јанешлиева е селектирана за изложбата на 6-то Меѓународно триенале на мала графика во Токио, Јапонија. Авторката на својот фејсбук-профил, со видлива радост, информира за добиеното известување дека нејзиното дело ја поминало втората селекција.
– Од вкупно 1.927 пријавени уметници (графичари), со по 1 графика од 91 држава или региони, по првото жирирање беа избрани 529 графики (меѓу кои и графики на тројца графичари од Македонија). Сега, со второто жирирање, конечно за изложбата се одбрани 327 графики, а јас ја претставувам Република Македонија – вели Јанешлиева посочувајќи дека делото „Море 5“ е изработено во 2016 година и е со димензии 20×20.