Tuesday, December 11, 2018

In Search For A Better Yesterday, 2018 (group exhibition)


Простор „Јавна соба“, 11.12.-16.12.2018
Public Room, December 11th - 16th, 2018


Славица Јанешлиева-Бачварска
Трите страни на вистината, 2016 
180х230см., 3 огледала (секое 180х50см.), дрвени рамки и самолеплива фолија
Фото: Станимир Неделковски, авторски права Славица Јанешлиева-Бачварска 

Slavica Janešlieva-Bačvarska
Three Sides To Every Story, 2016 
180x230cm., 3 mirrors (each 180x50cm.), wood frames and selfadhesive foil
Foto: Stanimir Nedelkovski, copyright: Slavica Janeslieva-Bacvarska.


Славица Јанешлиева-Бачварска
Трите страни на вистината, 2016 (ДЕТАЉ)
180х230см., 3 огледала (секое 180х50см.), дрвени рамки и самолеплива фолија
Фото: Гоце Наневски, авторски права Славица Јанешлиева-Бачварска 

Slavica Janešlieva-Bačvarska
Three Sides To Every Story, 2016 (DETAIL)
180x230cm., 3 mirrors (each 180x50cm.), wood frames and selfadhesive foil
Foto: Goce Nanevski, copyright: Slavica Janeslieva-Bacvarska.

Од отварањето:/Pics from the opening:

                    Дело на Игор Сековски./Work by Igor Sekovski.








Арс Акта во непосредното минато работеше на визуелна и ликовна обработка на проблемот на „трагање“ по иднината, согласно општествените услови во кои егзистираше секој човек, а пред се креативецот – уметникот како општествено одговорно и неверојатно сензитивно битие. Тоа беше трагање по иднина која сметавме дека секоја индивидуа како човеково право ја заслужува, право на егзистенција без цензура, право на говор, право на нормални животни стандарди, право на припадност на маргинализирана група, право на индивидуалност... По една долга, изодена фаза и покрај многубројните промени исполнети со надежи и очекувања, повторно непознатици. Затоа, овој пат решивме да го побараме изворот во вчерашниот ден.

На изложбата „Во потрага по подобро вчера“ ќе се претстават со свои дела, следните уметници: Мето Ангелов, Славица Јанешлиева-Бачварска, Верица Ковачевска, Гоце Наневски, Кристина Пулејкова, Игор Сековски, Марија Сотировска и Борис Шемов. Тие се осврнуваат на различни аспекти на социо-политичкиот живот, како локално, така и глобално, што ги фрустрираат и ги поттикнуваат да креираат и да создаваат уметност. Визуелно вадејќи ги на сцена распарчувањата, дисконтинуитетите, прекинатите односи, грозничавиот немир и инстантните решенија и задоволства, овие уметници ја истакнуваат апсурдноста на моментот и (не)човечкиот карактер. Движејќи се од микрокосмосот на уметниците, целокупната изложба претставува рефлектирачка слика на денешницата со сите свои контрадикции и комплексности, во потрага за идентитет, смисла и трајност.











No comments:

Post a Comment