Втората изложба на ,,Скриеното трето”, Некаде помеѓу присуството и отсуството, The Hidden Third, Caught Between Absence and Presence. По Атина, енергиите се споија во Скопје, Мала Станица, НГМ. По иницијатива на Slobodanka Stupar, и голем ангажман на Ana Frangovska i Niki Papaspirou, се реализираше она што се подготвуваше две години, преку виртуелни средби, презентации, заеднички дискусии. Уметници: Slobodanka Stupar, Anica Vučetić, Дарија Радаковиќ (Darija Bolan), Annita Argiroiliopoulou, Efi Fouriki, Vana Urosevic, Slavica Janeslieva, Katerina Evangelakou, Klitsa Antoniou, Monika Moteska, Elina Ioannou, Dijana Tomik, Marina Kassianidou. Прекрасна размена на енергии. Уметноста ги спојува сличностите и различностите. “…Откриената вистина ги надминува границите на логиката…”
Националната галерија на Р. С. Македонија ја претставува меѓународната групна изложба со жени - уметнички од Македонија, Грција, Србија и Кипар, под наслов Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството.
Изложбата, по нејзината премиера во Атина во галеријата Art Project Space, во мај годинава, сега ја презентираме на македонската публика, во Мултимедијалниот центар Мала станица. Кураторки на изложбата се д-р Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија на Р.С. Македонија и независната историчарка на уметност од Грција Ники Папаспиру.
Изложбата се развива долж имагинарна оска што се протега од Белград до Никозија, со Скопје и Атина како клучни точки во оваа геополитичка и културна поврзаност. Тринаесетте македонски, грчки, српски и кипарски уметнички ќе претстават дела во медиуми како што се просторни и звучни инсталација, видеа, објекти, слики, цртежи и перформанс. Изложбата создава феминистички простор на соживот, отпор и прекомпонирање, потенцирајќи ја важноста на уметничкиот израз во постојано променливиот свет.
Учеснички уметници:
Слободанка Ступар, Аница Вучетиќ, Дарија С. Радаковиќ, Анита Аргироилиопулу, Ефи Фурики, Катерина Евангелаκу, Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Дијана Томиќ, Славица Јанешлиева, Клица Антониу, Марина Касианиду, Елина Јоану.
Скриеното трето претставува проширување на проектот Присутност/Отсутност, формирајќи мрежа на дијалог помеѓу женски уметнички гласови од Балканот и Медитеранот. Инспирирана од теоријата на Басараб Николеску за меѓусебно поврзана и повеќеслојна реалност, изложбата го третира „скриеното трето“ како средишна сфера на постоење каде спротивставените поими коегзистираат и се трансформираат: присутност/отсутност, материјално/нематеријално, индивидуално/колективно.

No comments:
Post a Comment