https://time.mk/c/15ebc832fb/skopski-urbani-prikazni-vo-5-i-17-nov-proekt-na-dlum.html
https://www.youtube.com/watch?v=X-M1c8J-kg8ж
„Десетта молитва“ / "The Tenth Prayer", 2023
digital print, 100x300 cm.
Групната изложба „Скопски урбани приказни во 5 до 17“ ќе биде поставена од денес до 9 јули, на повеќе места низ градот. Изложбата ја организира Друштвото на ликовни уметности (ДЛУМ) за одбележување два значајни јубилеја, 60 години од скопскиот земјотрес и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Изложбата е дел од програмата на Скопско лето.
Ќе бидат изложени делата на 23 уметници кои се поканети од кураторката Дијана Томиќ-Радевска. Преку класичен, интердисциплинарен и мултимедијален пристап, овие уметници ќе ги прикажуваат своите дела на различни локации во централното градско подрачје на Скопје.
Поканети се уметници од разни генерации, веќе познати имиња, како и млади нови генерации: Марина Лешкова, Жанета Вангели, Иванчо Талевски, Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Марија Сотировска, Маја Кировска, Вана Урошевиќ, Соња Димовска, Тања Таневска, Ива Станковска, Душан Стефановски, Кристијан Јовановски, Игор Сековски, Ѓорѓе Јовановиќ, Драганчо Таневски, Татјана Ристовска и Борче Богоевски, Славица Јанешлиева, Маја Стефановска, Нина Гештаковска, Дејан Иванов, Ѓорѓи Динев, Стефан Јакимовски.
– Мислам дека има многу уметници што сакаат да зборуваат за градот, загрижени се, реагираат низ свои дела и активности, некои млади генерации сакаат повеќе да научат за текот на историјата на градот. Така ми се оформија идејата и конструкцијата за изложбата. Минатата година го предложив проектот пред ДЛУМ, а колегите го прифатија. Како носителка на идејата, го добив предлогот од колегите за правото на кураторството на овој проект. Тоа значи избор на уметници, соработка со нив, посочување на материјалите, обезбедување простор и поставување, кураторски текст, медиумска покриеност, дизајн и печатење каталог. Јас не учествувам, но се посветив на другите уметници, соработката во текот на работата е многу битна, се грижев да добијат соодветен простор за нивните визуелни одговори. Така се охрабрив и се фрлив на работа. Се совпаѓаат двата јубилеја оваа 2023-та, 100 години од раѓањето на Ацо Шопов и 60 години од скопскиот земјотрес – вели Томиќ-Радевска.
No comments:
Post a Comment