На 30 Септември 2023 г. во рамки на светската манифестација - Ноќ на отворени музеи „Бела ноќ“ во галеријата АртХаб на 2 кат и Зелениот покрив на Градски Трговски Центар - А.Д.Скопје ќе биде отворена изложбата „Игри и мечтаења“.
Учествуваат членовите на членовите на Друштвото на ликовни уметници на Македонија: Дијана Томиќ – Радевска, Славица Јанешлиева, Катерина Таневска, Трајче Чатмов, Синиша Новески, Ана Ивановска, Озбег Ајваз, Милош Милосављевиќ и Ана Трајковска.
Стилски и концепциски различните ликовни сензибилитети на уметниците, обединети се под еден концепт – промислување и транспонирање на мечтите во реалниот простор.
Епистемиолошки дефинирано, мечтите претставуваат производ на релацијата на мислите и реалноста, со динамика која имплицира имагинација како резултат. Суитс (Suits) мечтите ги нарекува отворени „игри кои немаат инхерентна цел и чие достигнување ја завршува играта“.
Критичкото промислување на овој важен сегмент во креативниот процес не бил цел на ниту едно од изложените дела во процесот на негово создавање, ниту пак крајна цел или лајтмотив. Обединувачки сегмент кој може да се препознае во делата на современите автори, членови на ДЛУМ се и аспектите за кои Витгештајн (Wittgenstein) вели дека се однесуваат на логиката на репрезентацијата како релација помеѓу мислите, носителот на пораката и реалноста. Мечтите се просторот помеѓу, одреден само со динамиката сопствената на флуктуација.
Интерактивноста со публиката со овој изложбен концепт се носи на ниво на активно промислување – мечтите и игрите како нивни креатори, со особен осврт на временската дистанца. Моментот на продукција на секое дело станува особено важен со негово споредување со актуелната стварност и додава на визуелниот израз и стил нова вредност - целиот период во кој делото предизвикува интеракција со публиката.
Тоа е најдиректен и најочигледен доказ за трајните уметнички вредности во презентираните ликовни дела.
No comments:
Post a Comment