„Впечатоци“ на Славица Јанишлиева во Мала станица
47 дела од повеќе циклуси настанати во последниве пет години ја чинат новата самостојна изложба „Впечатоци“ на ликовната уметница Славица Јанешлиева што од 26 декември 2012 до крајот на јануари оваа година се одвива во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица во Скопје.
08.01.2013
Графичар по својата примарна вокација, Славица Јанешлиева континуирано го базира својот творечки опус врз експериментирањето со различните техники на овој медиум. Нејзината најнова изложба на графики под наслов „Впечатоци“, составена од повеќе циклуси кои ја претставуваат нејзината дејност во изминативе пет години, е потврда на посветеноста кон истражувањето на бескрајните можности на одредена графичка техника и доведувањето на истата до нејзините крајни граници, што ја одразуваат исклучителната посветеност на оваа авторка.
Ова ќе го запише во текстот за каталогот на 20-та актуелна самостојна постановка на Јанешлиева кураторката Маја Чанкуловска Михајловска, дополнувајќи дека овде таа фокусот го базира врз гестот, односно симболичкиот третман на елементите, а акцентот е ставен врз композицијата и ликовната естетика.
А, уметницата од своја страна вели дека со „Впечатоци“ всушност ги прикажува своите импресии од нешто видено, нешто доживеано, меморирани слики или забележани чувства.
„Тоа сакав да го направам на што поедноставен начин играјќи со бојата, формата и линијата, односно со потегот на четката. Графиката како отпечаток да биде многу чиста, многу едноставна и лесно приемчива за гледачот.“
Таа дополнува дека, на нејзино големо задоволство, главно и било изложбата да ја работи во тишината на нејзиното атеље и да ги пренесе сопствените чувства за реалноста, но не на онаа општествената туку реалноста на авторските сензации. Како што вели еден романтичарски поглед за уметноста и графиката воопшто.
„Атељето го сметам за свое царство и за место каде што можам да избегам од сè. И од секојдневните обврски и од секојдневните проблеми, значи сè она што ни наметнува сегашниот живот. Не е дека не сум активна и на она друго поле каде што сакам да соопштам мои ставови за она што ни се случува во сегашноста, меѓутоа токму оваа изложба ја гледав како начин да го свртам вниманието на нешто поубаво, на она што може да ни го разубави животот или, пак, за момент да не пренесе во едни други мисли. “
Родена 1973 година во Скопје, Јанешлиева дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности и сега е вонреден професор на оваа високошколска установа. Сем во Македонија досега самостојно се претставувала во Швајцарија, Словачка, Холандија и во САД. За своето творештво добитничка е на повеќе награди како Прва награда на 1-то Интернационално триенале на мала графика во Тетово, Гранпри на 5-то Биенале на млади уметници на Музеј на современа уметност, Специјална награда за дело на млад македонски уметник на 3-то Интернационално графичко триенале во Битола и други, а нејзините дела се наоѓаат во колекциите на 17 музеи и галерии од регинов преку Полска, Франција, Унгарија, Романија, Белгија, Финска до Јапонија.
Во „Мала станица“, деновиве во рамките на групната постановка „ Лајф екшн / Гејм екшн 2011 – 2012“, може да се погледне и делото на Јанешлиева - „Тишина“, а графичарката иако нагласува дека нејзината последна самостојна постановка вреди да се види целосно бидејќи е сублимат на сето она што таа го работела во последниве пет години, дополнува дека сепак дел од „Впечатоци“, заедно со колегата Ладислав Цветковски, годинава ќе претстави во Битола.
Таа притоа забележува дека не е лесно да се прават самостојни изложби во и особено надвор од земјава бидејќи за тоа се неопходни повеќе финансиски средства, а како што самата вели, уметникот е најмаргинализиран во тој поглед.
„Морам да кажам дека јас добив средства од Министерството за култура, меѓутоа тие средства ги искористив за каталог. Сето друго, продукција, купување на материјали...е на мој трошок. И затоа овие графички изложби се многу тешки за работа бидејќи бараат сопствени средства од уметникот и не можат да се прават многу често.“
Конечно, Јанешлиева смета дека во пошироки рамки не постои систематско и планско претставување на македонското ликовнио творештво во светот. Таа забележува дека всушност има инцидентни пројави, но дека главно сите тие се резултат на личните контакти на уметниците со колегите, галеристите и тамошните менаџери.
Тоа сакав да го направам на што поедноставен начин играјќи со бојата, формата и линијата, односно со потегот на четката. Графиката како отпечаток да биде многу чиста, многу едноставна и лесно приемчива за гледачот.
А, уметницата од своја страна вели дека со „Впечатоци“ всушност ги прикажува своите импресии од нешто видено, нешто доживеано, меморирани слики или забележани чувства.
„Тоа сакав да го направам на што поедноставен начин играјќи со бојата, формата и линијата, односно со потегот на четката. Графиката како отпечаток да биде многу чиста, многу едноставна и лесно приемчива за гледачот.“
Таа дополнува дека, на нејзино големо задоволство, главно и било изложбата да ја работи во тишината на нејзиното атеље и да ги пренесе сопствените чувства за реалноста, но не на онаа општествената туку реалноста на авторските сензации. Како што вели еден романтичарски поглед за уметноста и графиката воопшто.
Атељето го сметам за свое царство и за место каде што можам да избегам од сè. И од секојдневните обврски и од секојдневните проблеми, значи сè она што ни наметнува сегашниот живот. Не е дека не сум активна и на она друго поле каде што сакам да соопштам мои ставови за она што ни се случува во сегашноста, меѓутоа токму оваа изложба ја гледав како начин да го свртам вниманието на нешто поубаво, на она што може да ни го разубави животот или, пак, за момент да не пренесе во едни други мисли.
„Атељето го сметам за свое царство и за место каде што можам да избегам од сè. И од секојдневните обврски и од секојдневните проблеми, значи сè она што ни наметнува сегашниот живот. Не е дека не сум активна и на она друго поле каде што сакам да соопштам мои ставови за она што ни се случува во сегашноста, меѓутоа токму оваа изложба ја гледав како начин да го свртам вниманието на нешто поубаво, на она што може да ни го разубави животот или, пак, за момент да не пренесе во едни други мисли. “
Родена 1973 година во Скопје, Јанешлиева дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности и сега е вонреден професор на оваа високошколска установа. Сем во Македонија досега самостојно се претставувала во Швајцарија, Словачка, Холандија и во САД. За своето творештво добитничка е на повеќе награди како Прва награда на 1-то Интернационално триенале на мала графика во Тетово, Гранпри на 5-то Биенале на млади уметници на Музеј на современа уметност, Специјална награда за дело на млад македонски уметник на 3-то Интернационално графичко триенале во Битола и други, а нејзините дела се наоѓаат во колекциите на 17 музеи и галерии од регинов преку Полска, Франција, Унгарија, Романија, Белгија, Финска до Јапонија.
Во „Мала станица“, деновиве во рамките на групната постановка „ Лајф екшн / Гејм екшн 2011 – 2012“, може да се погледне и делото на Јанешлиева - „Тишина“, а графичарката иако нагласува дека нејзината последна самостојна постановка вреди да се види целосно бидејќи е сублимат на сето она што таа го работела во последниве пет години, дополнува дека сепак дел од „Впечатоци“, заедно со колегата Ладислав Цветковски, годинава ќе претстави во Битола.
Таа притоа забележува дека не е лесно да се прават самостојни изложби во и особено надвор од земјава бидејќи за тоа се неопходни повеќе финансиски средства, а како што самата вели, уметникот е најмаргинализиран во тој поглед.
„Морам да кажам дека јас добив средства од Министерството за култура, меѓутоа тие средства ги искористив за каталог. Сето друго, продукција, купување на материјали...е на мој трошок. И затоа овие графички изложби се многу тешки за работа бидејќи бараат сопствени средства од уметникот и не можат да се прават многу често.“
Конечно, Јанешлиева смета дека во пошироки рамки не постои систематско и планско претставување на македонското ликовнио творештво во светот. Таа забележува дека всушност има инцидентни пројави, но дека главно сите тие се резултат на личните контакти на уметниците со колегите, галеристите и тамошните менаџери.
No comments:
Post a Comment