HAIKU I
(2010-2012)
HAIKU II
(2009-2012)
HAIKU 3
(2012)
IMPRESSIONS
(2012)
GALICNIK
(2011-2012)
POPPY
(2011)
Slavica Janešlieva
Impessions
Maja Čankulovska-Mihajlovska (Curator of the exhibition)
Slavica Janešlieva is a graphic artist who constantly and continuously focuses her artistic work upon experimenting with different printmaking techniques. A permanent challenge in her works is the effort of exceeding the limits of existing graphic disciplines. In her early exhibits (Sheepfold, 1997; Letters, 1998) she surpasses the traditional two-dimensional spatial limits of the prints in order to apply these experiences later in her “combined” objects and installations.
Nevertheless, her primary orientation to the printmaking techniques is most evident in her exhibition Narratives and Symbols from 2004.
Janešlieva’s exhibition of prints entitled Impressions (December, 2012) which consists of five cycles and presents her artistic activity of the last five years is yet an other proof of her devoted determination to experiment, to search after and attempt to detect the limitless possibilities of a specific printmaking technique, thus trying at bringing it closer to its upmost possible limits which show her exceptional preoccupation with this problem.
The five cycles of prints presented here by the general title Impressions differ, first of all, in the application of various techniques, but also in the visual approach towards the sign as a representation. They confirm Janešlieva’s specific creative sensibility which, in this case, focuses upon the gesture, i.e. upon the symbolic treatment of the component elements, while the accent is placed on the composition and the visual aesthetics, as well as, on the sense of transposing the lyric atmosphere, in which as principal “narrators” fragments from the observed,
experienced (personal) reality, transmitted through associative abstract forms are being present. The prints of Slavica Janešlieva show a tendency of reaching perfection by achieving the maximum out of the technique, while the narration, which is one of the characteristic elements of her recognizable creative language is only seemingly absent, and appears just as a kind of a suggestion, a whisper or a distant echo in her own choice of the titles of the prints in which a poetics of feelings of the momentary transient “impressions” is being suggested.
In the first cycle of prints entitled “Haiku” (2010-2012), which according to the treatment could be defined as a sign sketch drawing, Janešlieva creates her movement of the brush to perfection, while in the process of printmaking she experiments with the technique aquatint in the attempt to find the best ways of producing a print which will still keep the whiteness of the background, and will also emphasize the movements. The number of component elements is minimal and reduced just to two colours, so that the perfection of the expression and the
purity of the drawing could be achieved. The same tendency is evident in the prints from the second cycle “Haiku 2” (produced in the period between 2009 and 2012) in the technique linocut. They are exceptionally rich in colour and a number of elements comprises their composition.
The other two cycles “Poppies” (2011-2012) and “Impressions” (2012) deal with nature, or to be more precise, the flora. They represent a confrontation with impressions through forms with lineary treated details. The dry point technique used in these prints, enables the artist to create poetical segments i.e. representations of reality expressed by subtle quivering movements meticulously produced and with emotional rhythmically charged moment. Finally, in the
fifth cycle entitled “Galicnik” (from 2011, created in linocut and intaglio) the representations of a number of sets of painted surfaces, which as compositions are presented as solid compact units in a specific darkened colour, through the symbolic colour of the soil as such and both as a material, express the existence of soil as an everpresent sensation.
In Slavica Janešlieva’s complete artistic opus, the emphatic intimate lyric discourse is placed vis-à-vis the engaged character of some of her works. Her prints are oriented towards the subjective interpretation of reality and are marked by the intimate/personal character of the experienced reality. Within the metaphysical spaces of her most recent art works, the condensed simplicity in the minimally transposed sensations and the subtle details are used so that the essential content of reality/things and beings/ should be expressed. Inconsistency
and transciency of life as a permanent feature in the works of Slavica Janešlieva, with a specific melancholic overtone and acceptance of the changes and movements of the cycles, reflect the restless exploring intellect of the artist herself who constantly confirms her position as one of the most individual artists, not only in the field of printmaking, but also in the field of contemporary Macedonian fine art, in general.
Златко Теодосиевски - Записи од подземјето
СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА
Има многу причини зошто изложбата на Славица Јанешлиева заслужува да се најде
токму на крајот на годинашниве текстови на овој блог. Меѓу другото и заради фактот
што е добро оваа катастрофална година да се заврши со добра мисла, со позитивно
чувство во оваа македонска зачадена крчма. Што секако не е единствена ниту пак
основна причина.
1.
Од се’ она што видовме оваа година, па и претходните, човек просто не знае што да
одбере како барем релативно пристоен творечки исказ на македонскава ликовна сцена.
(На пример оној скулптор чија ретроспектива е во тек, а самиот за себе вели дека до
сега „изделкал цела една шума“!? Па кога тој самиот за себе така мисли, што да
мислиме ние за него? Или се’ она друго што ва нашиве изложбени простори поминува
како „национален интерес“? Отидете до Чифте амам и ќе го видите тој „национален
интерес“! А можете и до „Мала станица“, која последниве пет години наличува на
насукан брод напуштен од екипажот, препуштен на глувчестата братија!!!). Во еден ваков контекст Јанешлиева е мелем за очи, невообичаена глетка, автентичност среде море од кич мисла!
Јанешлиева недвојбено е една од малкуте неодминливи припадници на пресвртната
млада генерација македонски уметници од деведесетите години на минатиот век, која
задржа достоинствен став и сериозен творечки исказ. За таа генерација (сеуште)
говориме како за генерација со поинаков сензибилитет, со свежи идеи, со
бескомпромисна верба во сопствената уметност и, можеби, сопствената улога во
општеството! Иако тие (некогаш) цврсти ставови денес се веќе прилично лабави -
малкумина од таа генерација останаа доследни и на своето творечко кредо, и на своите
ставови (ако воопшто ги имале!) и на цвојата потенцијална улога. Па видете го само
оној наш „славен“ А.„Р“ - Сарајлија!
2.
Иако уметница со изразен мултимедијален пристап, Јанешлиева по образование е
графичар со исклучителна дарба за визуелна нарација и изграден препознатлив
ликовен исказ. Нејзините дела (често работени во циклуси) експериментираат во
насоките на личното и општото, делот и целината, премостувајќи вообичаени шеми и
традиционални граници, перманентно чепкајќи по сопствената меморија или по
заедничките рани, дела навидум херметични но всушност податливи за општи
"читања".
Последнава изложба на Јанешлиева пред јавноста го презентира најновиот циклус на
уметницата. Поточно, некаде од 2010 година, графичкиот израз на Јанешлиева
значително се менува. Како да станува збор за „прочистување" од некаков вид,
сведување и асоцијативна збиеност на размислувањето. Овие Мироовски
симплифицирани но експресивно силни графики, работени во различни техники -
линорез, акватинта, сува игла - како да го синтетизираат сето нејзино дотогашно
искуство. Уметницата сега ги решава проблемите најелементарно - боја, форма, потег!
Тоа се безмалу цртачки изблици во различни графички техники, попатно собрани
визуелни импресии на морски пејзаж, птица, дрво, ангел, прозорец ...! Односно,
Јанешлиева тука маестрално го решава најтешкиот проблем - со малку да соопшти
многу, со лапидарен исказ, со елементарни средства да ја долови, сугерира, пренесе ...
суштината!
Се разбира, Јанешлиева пред себе има уште долг творечки пат. Но, овде може да се
потенцира дека нејзиното досегашно графичко творештво помести некои битни граници
во македонската графика, прозвучи со впечатлива и пред се’ специфична визуелна
пленливост и технички перфекционизам редок во современата македонска графика.
(31 декември 2012)
Датум: 20.01.2013, 15:04
РЕЦЕНЗИЈА: ИЗЛОЖБА, СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА - „МАЛА СТАНИЦА“
ГРАФИЧКА ИНТУИТИВНА НАСОЧЕНОСТ
Најновата изложба со наслов „Впечатоци“ на уметницата Славица Јанешлиева (родена 1973 во Скопје) претставува јасен показ дека графиката како ликовна дисциплина почнува да пројавува нови импулси со насочување кон сè послободни експериментирања со целосна интегрираност во изразот и целосна афирмација на сликарската идеја.
Марија Стојческа
Во својата концепција на карактеристичен и препознатлив свет на сопствен микрокосмос и единство на природата, оваа графичка поставка која е поделена во повеќе циклуси изработени во последните пет години, укажува на неограничените можности и истражувања во повеќе графички техники како што се: линорез, акватинта, сува игла и др. Всушност, станува збор за авторка која со својот ликовен дискурс може да се одбележи како потенцијален квалитет не само на македонската ликовна сцена, туку и пошироко со оглед на нејзините контемплативни, апстрактно-асоцијативни и инвентивни решенија.
Во потврдувањето на својот сензибилитет Славица Јанешлиева во овој циклус на графики повеќе става акцент на лирското медитирање на некакво далечно ехо, навестување и шум на моментални минливи импресии. Тука го развива поубедливо својот гест кој води кон симболичност, асоцијативност, а особено во нефигуративно ткаење на графичката замисла како што е случајот со овие три потциклуси под наслов како: „Хаику“ , „Булки“ и „Импресии“.
Во првиот циклус графики под наслов „Хаику“ (од 2010-2012), кој може да се дефинира како знаковна скица, уметницата вешто го пренесува потегот на четката, притоа експериментирајќи со техниката акватинта и барајќи ги при печатењето најдобрите начини за добивање отпечаток што ќе ја задржи белината на позадината, а ќе ги потенцира потезите. Присуството на боите и елементите е сведено на минимум за да ја добие чистотата на цртежот. Во овие дела може да се види немирната природа на авторката која се наоѓа во некаква двојност, или поделеност, меѓу слободата – полетноста и скротувањето на цврстата форма. Во следните циклуси „Булки“ (2010-2012) и „Импресии“ (2012) се фокусира на претстава на природата. Во таква констелација која бара повеќе интуитивно насочување отколку строг интелектуализам, Јанешлиева во техника на сува игла ни презентира изведба на поетични репрезентации на реалноста кои се изведени со минуциозна обработка и емотивен ритмички набој на мигот. Во таквите ситуации најчесто тешко е да се разграничат компонентите на рационално обмисленото и спонтаното. Во делата под наслов „Галичник“ (2011), композициите изработени во техника линорез и длабок печат, со придушен колорит на обоените плохи, на симболичен начин го одразуваат постоењето на земјата како сеприсутно чувство.
Ваквото себепрезентирање може само да му користи на нашето сознавање на некои современи текови во уметноста, на еден длабок метафизички свет на интимата кој бара начин и простор да го најде своето оправдување и постоење во надворешното, видливото. Славица Јанешлиева со своите асоцијативни форми на растреперена линија и скромен колорит нè воведува во лавиринтите на специфични интимистички патешествија кои се од исклучителна важност за современите тенденции на македонската ликовна уметност воопшто.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=3F651FDE1DB0DA47977FBE4440BBA117Во својата концепција на карактеристичен и препознатлив свет на сопствен микрокосмос и единство на природата, оваа графичка поставка која е поделена во повеќе циклуси изработени во последните пет години, укажува на неограничените можности и истражувања во повеќе графички техники како што се: линорез, акватинта, сува игла и др. Всушност, станува збор за авторка која со својот ликовен дискурс може да се одбележи како потенцијален квалитет не само на македонската ликовна сцена, туку и пошироко со оглед на нејзините контемплативни, апстрактно-асоцијативни и инвентивни решенија.
Во потврдувањето на својот сензибилитет Славица Јанешлиева во овој циклус на графики повеќе става акцент на лирското медитирање на некакво далечно ехо, навестување и шум на моментални минливи импресии. Тука го развива поубедливо својот гест кој води кон симболичност, асоцијативност, а особено во нефигуративно ткаење на графичката замисла како што е случајот со овие три потциклуси под наслов како: „Хаику“ , „Булки“ и „Импресии“.
Во првиот циклус графики под наслов „Хаику“ (од 2010-2012), кој може да се дефинира како знаковна скица, уметницата вешто го пренесува потегот на четката, притоа експериментирајќи со техниката акватинта и барајќи ги при печатењето најдобрите начини за добивање отпечаток што ќе ја задржи белината на позадината, а ќе ги потенцира потезите. Присуството на боите и елементите е сведено на минимум за да ја добие чистотата на цртежот. Во овие дела може да се види немирната природа на авторката која се наоѓа во некаква двојност, или поделеност, меѓу слободата – полетноста и скротувањето на цврстата форма. Во следните циклуси „Булки“ (2010-2012) и „Импресии“ (2012) се фокусира на претстава на природата. Во таква констелација која бара повеќе интуитивно насочување отколку строг интелектуализам, Јанешлиева во техника на сува игла ни презентира изведба на поетични репрезентации на реалноста кои се изведени со минуциозна обработка и емотивен ритмички набој на мигот. Во таквите ситуации најчесто тешко е да се разграничат компонентите на рационално обмисленото и спонтаното. Во делата под наслов „Галичник“ (2011), композициите изработени во техника линорез и длабок печат, со придушен колорит на обоените плохи, на симболичен начин го одразуваат постоењето на земјата како сеприсутно чувство.
Ваквото себепрезентирање може само да му користи на нашето сознавање на некои современи текови во уметноста, на еден длабок метафизички свет на интимата кој бара начин и простор да го најде своето оправдување и постоење во надворешното, видливото. Славица Јанешлиева со своите асоцијативни форми на растреперена линија и скромен колорит нè воведува во лавиринтите на специфични интимистички патешествија кои се од исклучителна важност за современите тенденции на македонската ликовна уметност воопшто.
http://slavicajaneslieva.blogspot.mk/2013/09/haiku-3.htmlhttp://slavicajaneslieva.blogspot.mk/2013/09/haiku-3.htmlhttp://slavicajaneslieva.blogspot.mk/2013/09/haiku-3.html
This comment has been removed by a blog administrator.
ReplyDelete