ТРИ АКЦИИ / THREE ACTIONS
1. ИМЕНУВАЊЕ НА УЛИЦА со официјално сечење на црвена лента
NAMING A STREET with an official cutting of red ribbon
2. ПРЕНАМЕНА НА ПРОСТОР - СОВРЕМЕН ГАЛЕРИСКИ ПРОСТОР ВО ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ - ЕДЕН КАТ ОД ПОРАНЕШНАТА СТОКОВНА КУЌА „НАМА“ - НАРОДЕН МАГАЦИН
REDEFINITION OF SPACE - A CONTEMPORARY GALLERY SPACE IN THE CENTRAL CITY AREA, ONE FLOOR OF EX SHOPPING MALL BUILDING KNOWN AS "NAMA" (National Warehouse)
Центарот на Скопје во саботата на 24 февруари, на скопјани и на сите
граѓани кои се помасовно доаѓаат во главниот град на шопинг од другите
места во земјава, им понуди несекојдневно случување. На плоштадот
Македонија, пред поранешната стоковна куќаТипо која зјае празна,
исполнета со прав и пајажини, затворена со катанци, ликовната уметница
Славица Јанешлиева и студентите од Факултетот за ликовна уметност им
делеа флаери на заинтересираните кои доаѓаа до влезот на објектот, со
намера да видат дали во него навистина е изложена непостоечката
колекција на современата уметност, која според лажните најави во
весниците, требаше да биде отворена во 13 часот. Граѓаните доаѓаа, ѕиркаа
и откога ќе ги прочитаа излепените плакати и ќе побараа објаснување, се
соочуваа со празнотијата и со манипулацијата, односно со идејата на
уметницата да ги анимира да размислат дали им недостигаат простори со
уметнички дела. „Новата НаМА“ - така беше наречена третата фаза на
проектот „Филантропски пориви“ што Јанешлиева им го претстави на
граѓаните, поврзан со стоковната куќа, од пред чии врати се слушаше гласот
на Искра Гешовска која на минувачите во траење од еден час им го
свртуваше вниманието кон актуелната уметничка идеја за (ре)дефинирање
на јавните културни простори. Од стоковната Типо граѓаните слушаа и
свиркање.
„Изненадена сум од позитивната реакција на граѓаните кои при директен
конатакт со нас покажуваа спремност да се вклучат во ваква иницијатива,
која произлегува од потребата да се укаже дека сите јавни простори не мора да бидат за шопинг, туку и за културни содржини. Такви има во
центрите на многу градови во светот, како што е на пример МОМА во
Њујорк “ - потенцира Јанешлиева која смета дека во моментов постои
потребната критична маса на автори кои би продолжиле со свои дела да ја
анимираат јавноста. „Евентуално со групирање на автори може да се дојде
до активирање на културни центри, но проблем секако се финансиите и
поддршката градот и општините. Со „Новата НаМА“ укажав дека не се
изложени колекцииите на Музејот на современата уметност, на
Националната галерија на Македонија, дека не постојат соодветни простори
каде љубителите на уметноста би можеле на лице место да ги видат делата,
да направат студии за нив. Сакав да укажам и на фактот дека постоечките
колекции или минимално се обновуваат, или пак воопшто не се обновуваат“
-вели Славица Јанешлиева која во рамките на „Филантропски пориви“, ја
отвори и Улицата- музеј Железничка колонија“, ја промовираше фабриката
„Сапунара“ во културен простор, укажувајќи на потребата од заштита на
културното наследство, од создавање на културни центри, изложување
постоечките колекции и создавање на нови, современи.
Објава во Утрински Весник, најавувајќи го отворањето на
Колекција на современа уметност НаМа.
(Стоковната куќа НаМа беше празна и напуштена со години.
Колекцијата не постои. Перформансот е идеја на авторката како да се употреби овој атрактивен простор во центарот на градот.
Сите посетители кои дојдоа на отворањето на Колекцијата беа документирани. Некои беа лути што наседнале на провокацијата и што всушност нема да ја видат колекцијата.)
Newspaper article informing about the opening of the Collection of Contemporary Art - NaMa.
(The building known as NaMa (National Magazine (Department Store) has been empty for decades. The Collection doesn't really exist. It is only an idea. The performance was a proposal how to use the beautiful space and building in the future. All art lovers that came for the opening of the Collection were documented/photographed. Some of them were angry that the opening of the collection is a hoax and that they are not going to see the artworks listed in the newspaper article.)
3. ПРЕНАМЕНА НА ПРОСТОР - ФАБРИКА „САПУНАРА“ во независен културен простор даден на времено користење на креативците
REDEFINING ABANDONED SPACE - EX FACTORY "SAPUNARA" (Soap Factory) into an independent cultural space given to artists for temporary long term use
No comments:
Post a Comment