Thursday, June 9, 2011

S.O.S. FOR THE CITY QUARTERS - THEIR SYMBOLS AND STORIES, 2011


 
 
 


City walk with story telling by the artist.





„С.О.С. за маалските симболи и приказни“
Градот го доживувам како израз на желбата и имагинацијата на човекот. Замислувам град - уметничко дело, колективно креиран комплекс на згради, куќи, улици, паркови, локали, доживувања и активности кои постојат во времето и во просторот со цел да ги прикажат животот, состојбите, среќата и да го издигнат достоинството на човекот.  Град со осмислени творби кои содржат идеја, промовираат вредности и служат како реални изрази на системите на мислење и моралност
„С.О.С. за маалските симболи и приказни“ е продолжување на проектите „Филантропски пориви“ (2007 и 2009 г.) и „Мајки летачки“ (2009 г.). Oвојпат, вниманието се задржува на неколку омилени куќи/згради кои за авторката се значаен дел од скопската градска-маалска историја, но воедно имаат историско, социјално и културно значење. Некои од нив се заштитени од  Градот, но и покрај тоа се запуштени бидејќи објектот под заштита претставува проблем за сопствениците кои по правило се соочуваат со недостаток на финансиски средства, а институциите сеуште не помагаат во неговата ревитализација.
„С.О.С. за маалските симболи и приказни“ ги раскажува приказните за градбите, приказните за станарите или пак приказните на луѓето од тоа маало. Враќањето во живот на овие градби и нивното зачувување ќе овозможи да се задржи најдоброто од нашето заедничко наследство, уникатниот квалитет и убавина на некогашниот маалски живот.

Приказните и сеќавањата се поврзани со детството, а симболот лименка со спанаќ со којшто ќе бидат обележани, се користи како асоцијација на оздравување и ревитализација, и воедно е директна асоцијација за многумина препознатлива од анимираниот лик од детството - Попај, кој по консумирањето спанаќ станува натчовечки силен. 

No comments:

Post a Comment