Tuesday, March 21, 2017

Утрински весник
05.03.2017, 18:13
„НЕРАСКАЖАНИТЕ ПРИКАЗНИ НА СУПЕРХЕРОИНИТЕ 4“
Дела на десет авторки од Македонија и регионот ќе бидат изложени во Музејот на град Скопје
Приказни на ликовните уметници: Славица Јанешлиева, Маја Кировска, Марија Сотировска, Зарије Амдиу, Кристина Божурска и Маријета Сидовски (Македонија); Анка Гардашевиќ (Црна Гора); Ивана Станковиќ и Жељка Момиров (Србија); Заке Прелвукај (Косово) ја чинат изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 4“ што утревечер во 19 часот ќе биде отворена во Музејот на град Скопје во 19 часот. 

Делата на посочените авторки ќе понудат различни толкувања за кршењето на основните човекови права, за крајот на демократијата, за продуцираните бегалски кризи, религијата, ослободувањето итн., видени низ интимна призма и раскажани преку индивидуалното женско писмо. „Сознанијата дека родовата нерамноправност постојано е присутна, пред случувањето на воените конфликти, со нивното ескалирање станува уште поистакната, но и во социјални мирнодопски и воени услови, се еден од константните поттици за истакнување на ставот на десетте авторки од Македонија и регионот за состојбата на жените по однос на овие прашања, како и на други кои произлегуваат од комплексните родови односи“, посочува историчарката на уметност, Маја Чанкуловска-Михајловска.
Статијата е прочитана 171 пати. 
 
 
 

No comments:

Post a Comment