Thursday, November 16, 2023

The Time is Now - Group Exhibition

https://www.slobodenpecat.mk/izlozhba-na-dve-sesii-na-likovnata-kolonija-galichnik-e-postavena-so-naslov-sega-e-vremeto/

https://www.bmeia.gv.at/fileadmin/user_upload/Vertretungen/Skopje/Katalog_Galichnik.pdf

Во мултимедијалниот центар „Мала станица“, на 16 ноември, со почеток во 19.30 часот, Ликовната колонија Галичник ќе ги претстави 33. и 34. сесија, најави д-р Ана Франговска, куратор и претседател на здружението.



Визуелните дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник и овој пат се движат околу еколошки теми, како суштествени теми за кои „Сега е времето“ гласно да се дискутира на сите возможни начини, бидејќи доколку не успееме со посуштествени системски промени да влијаеме врз промена на свеста и врз менување на девастирачката моќ на Капиталот, тогаш ќе треба „да молчиме засекогаш“, т.е. ќе бидеме немоќни да направиме било каква промена и подобрување на животните услови, истакнува Франговска.

Постепениот крај на земјата започнува уште од 1784 година, кога се изумува парната машина на Џејмс Ват, а тогаш започнала и индустриската револуција, брзата експанзија и капиталистичкиот начин на производство. Капиталоценот е термин кој ја опишува целата епоха што следи, а човештвото се етаблира како геофизичка сила со планетарни размери.

Со индустријализацијата, климатските промени започнуваат со невидена брзина. Фосилната економија придонела за денешните неодржливи емисии на јаглерод диоксид. Во текот на два века индустриски, технолошки и економски раст, придружен со екстрактивизам – копање и исцрпување на сите ресурси, масовно уништување на живиот свет, главно за човечка исхрана и огромно загадување на животната средина – предизвикана е сегашната еко-социјална криза.

Уметноста е важна и може заедно со природните и хуманистичките науки да се користи за да се размислува за еколошката правда. Ангажираната уметност за предизвиците на животната средина може да ја преиспита политиката и да го политизира пристапот на уметноста кон заштитата на животната средина. Директните и критички јавни изјави на уметниците поттикнуваат разговори за еко-социјалните кризи и политиките за одржливост и создаваат нови модели на фер-работа со животната средина.

Уметниците ги истражуваат природните и културните комплексности, нагласувајќи ги политичките аспекти на екологијата, одржливоста, социјалната правда и економската еднаквост. Тековните уметнички позиции и модели на дејствување комбинираат експериментален и перцептивен ангажман со постколонијална етичко-политичка практика, посочува д-р Ана Франговска.

Сесијата на Ликовната колонија Галичник во 2022 година се одржа на тема „Одржливост“ и учествуваа уметниците Нина Ковачева, Валентин Стефанов, Игор Сековски, Ласе Лоренцен, Славица Јанешлиева, Гоце Наневски, Правдољуб Иванов, Марта Стисјак, Зоран Тодоровиќ.

Во 2023 колонијата се одржа на тема „Колонизација/Деколонизација на природата“ со учество на уметниците Ефи Фурики, Филип Велковски, Калин Серапионов, Јелена Владушиќ, Иван Блажев, Пенка Минчева, Аница Вучетиќ, Ларс ден Хертог.






No comments:

Post a Comment