Saturday, December 17, 2016

http://www.utrinski.mk/?ItemID=C34B08E3583857409CC736A3F7206E59

16.12.2016, 17:55 Утрински весник
СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА ИЗЛОЖУВА ВО ПРИЛЕП 



Под наслов „Состојби“ изложбата е отворена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ 

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ е отворена најновата изложба под наслов „Состојби“ на Славица Јанешлиева-Бачварска, која на рамниште на визуелната презентација се следи како продолжение на нејзините претходни реализации со инсталации/објекти кои егзистираат паралелно со нејзините остварувања во доменот на графичкиот медиум. Концепциски структурираните дела се со наслов „Имигрант или емигрант или можеби јас“, „Пренаселеност“, „Трите страни на приказната“, „Високо образование“, „Споменик за крајот на 20 и почетокот на 21 век“ и „Лов од заседа“. 

„Изложбата е материјализирана ангажирана критика на секое поле на современиот живот - падот на моралните вредности, економската експлоатација што генерира војни, уништувања и раселеност, наметнатите патријархални кодови, континуираната и продлабочена криза на образованието, социјалните/егзистенцијалните проблеми, културно пропаѓање со сите придружни морални дилеми и агонија на постоењето“, вели меѓу другото историчарката на уметност, Маја Чанкуловска-Михајловска.

No comments:

Post a Comment