Wednesday, February 28, 2018

Чудесните жени (Колекција на НГМ)

Чудесните жени од Колекцијата на Националната галерија на Македонија

По повод 70 годишниот јубилеј од создавањето на Националната галерија на Македонија, а во чест на 8 март - Меѓународниот ден на жената, ја реализираме изложбата под наслов „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“.
Со почит кон светскиот ден на одбележување на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, претставуваме избор од шеесеттина дела од жени авторки застапени во Колекцијата на Националната галерија на Македонија.
Во рамките на ова претставување ќе бидат изложени дела од македонските авторки од различни генерации (од првите авторки од Колекцијата на НГМ до денес): Лена Стефанова, Борка Аврамова, Катја Ефтимова, Ана Темкова, Анета Светиева, Менче Спироска, Илинка Глигорова - Суза, Мира Спироска, Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Дијана Томиќ-Радевска, Славица Јанешлиева, Жани Гелевска, Моника Мотеска и други; како и дела на авторки од колекцијата на бившите југословенски републики (Олга Бенсон, Зора Петровиќ, Надежда Петровиќ, Весна Соколиќ, Љубица Сокиќ, Олга Јевриќ, Оливера Кангрга и др.).

http://www.radiomof.mk/izlozhba-chudesnite-zheni-od-kolekcijata-na-nacionalnata-galerija-na-makedonija/?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=688555cc-d2a1-4678-b7e0-d39cdf69fd02&utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk



Нова Македонија

Со почит кон Светскиот ден на одбележување на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, на изложбата ќе биде претставен избор од шеесетина дела од жени-автори
По повод 70-годишниот јубилеј од создавањето на Националната галерија на Македонија, а во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, ќе биде реализирана изложбата под наслов „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“. Изложбата ќе биде поставена во објектот „Чифте-амам“ вечерва, во 19 часот, и ќе трае во текот на март. Со почит кон Светскиот ден на одбележување на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, претставуваме избор од шеесетина дела од жени-автори застапени во Колекцијата на Националната галерија на Македонија.
Во рамките на ова претставување ќе бидат изложени дела од македонските авторки од различни генерации (од првите авторки од колекцијата на НГМ до денес) и дела од жени-уметници од југословенската колекција - Лена Стефанова, Борка Аврамова, Катја Ефтимова, Ана Темкова, Анета Светиева, Менче Спироска, Илинка Глигорова-Суза, Мира Спироска, Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Дијана Томиќ-Радевска, Славица Јанешлиева, Жани Гелевска, Моника Мотеска и други; како и дела на авторки од колекцијата на бившите југословенски републики (Олга Бенсон, Зора Петровиќ, Надежда Петровиќ, Весна Соколиќ, Љубица Сокиќ, Олга Јевриќ, Оливера Кангрга и др.).

- Изложбата на дела од жени-автори од колекцијата на Националната галерија на Македонија, од кои најголем дел е чуван во нејзините депоа, е наметната од сегашниот пресек на македонската ликовна уметност претставен низ постојаната поставка во Даут-пашиниот амам. Дури и еден бегол поглед врз оваа поставка нѐ соочува во фактот дека во 21 век процентот на застапени жени-уметници во една репрезентативна поставка на македонска уметност е неверојатно мал. Се надеваме дека изложувањето на овие дела ќе понуди поинаков поглед не само за постоењето на индивидуалните напори и остварувања туку и за флуидната категорија насловена „женско писмо“. Идеалните придобивки од изложбата што го презентира она што се чува депонирано далеку од погледите на публиката би резултирале во отворање простор за понатамошни истражувања, дискусии и поинакви толкувања на приказот, вообичаено доминиран од „посилниот пол“. Се разбира, иницирана од желбата за видливост и присутност, се наметнува потребата за конечно осмислено реконципирање на постојаната поставка, во која своето место ќе го имаат презентациите на родовата рамноправност во македонската уметност - вели кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска.
Во последниве две децении кај нас се забележува значителен пораст на жените-уметници што ги изложуваат своите дела како кај нас така и во светот. Но, судејќи според ликовната понуда, жените главно учествуваат во групните изложби, а помал дел од нив реализира самостојни претставувања. Така, на пример, Годишната програма за култура покажува дека жените се многу помалобројни во самостојните изложби, за разлика од нивните машки колеги, иако од музеите велат дека не се прави селекција во однос на родовата припадност и дека жените веќе го имаат освоено своето место на сцената.
- Во однос на конципирањето на предлог-годишните програми на Национална галерија на Македонија за реализација на изложби во тековната година, пред сѐ се води сметка за квалитетот на претставувањата. Иако се земаат предвид и други аспекти на прикажувањето на современото творештво на македонските и странските автори, како што се националната и родовата застапеност - вели Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија на Македонија.                                                    
А.Д.
 
 

















































Изложба „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“

По повод 70 годишниот јубилеј од создавањето на Националната галерија на Македонија, а во чест на 8 март – Меѓународниот ден на жената, ќе се одржи изложбата под наслов „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“.
Со почит кон светскиот ден на одбележување на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, Национална галерија ќе претстави избор од шеесеттина дела од жени авторки застапени во Колекцијата на Националната галерија на Македонија.
Во рамките на ова претставување ќе бидат изложени дела од македонските авторки од различни генерации (од првите авторки од Колекцијата на НГМ до денес): Лена Стефанова, Борка Аврамова, Катја Ефтимова, Ана Темкова, Анета Светиева, Менче Спироска, Илинка Глигорова – Суза, Мира Спироска, Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Дијана Томиќ-Радевска, Славица Јанешлиева, Жани Гелевска, Моника Мотеска и други; како и дела на авторки од колекцијата на бившите југословенски републики (Олга Бенсон, Зора Петровиќ, Надежда Петровиќ, Весна Соколиќ, Љубица Сокиќ, Олга Јевриќ, Оливера Кангрга и др.).

No comments:

Post a Comment