Friday, March 9, 2018

ФЕМИГРАЦИИ / FEMIGRATIONS


Slavica Janeslieva, Barbed Hope,
canvas, paper, pins and acryl, 40x40cm., 2018
Славица Јанешлиева, Бодликава надеж,
платно, хартија, патенти и акрил, 40х40см., 2018

Проблемот на женската миграција се истражува низ повеќе дисциплини како антропологијата, социологијата, политичката наука, економијата, демографијата, правото, историјата, а во нашава приказна, низ дваесетина ликовни дела кои со ликовен јазик ќе дадат свој придонес кон темата, која и како генерален концепт на миграции е мошне актуелна во последните години на глобалната визуелна сцена на многубројни значајни ликовни изложби и манифестации. Jana Jakimovska Slavica Janeslieva Elizabeta Avramovska Margarita KiselichkaJana Maneva Cuposka Kristina Bozurska Shqipe Mehmeti Gordana Vrencoska Marija Veteroska Zorica Zafirovska Ana Ivanovska Ana Lazarevska Hristina Zafirovska Agnesa Çavolli Vesna Arangelovic Natasha Kuburovska Lulzime Osmani Ana Milanova Irina Aceska Mihaela Jovanovska Angela Nanevska , секоја на свој индивидуален начин, визуелно одговорија на предизвикот поврзан со жената и миграциите. Многу е интересен визуелниот јазик, бидејќи е универзален, не бара транскрипти. Во него преку доживувања и емоционална комуникација со делото се пренесува пораката која е мошне моќна и освестувачка. Сите уметнички ја имаа слободата да се изразат во медиумот кој највеќе им лежи на нивниот ликовен сензибилитет, но единствено ограничување им беше дадено во однос на димензиите во кои требаа да ја пренесат идејата, своевидни граници на креативното движење (дрвена рамка – кутија, со димензии 40 х 40 х 10), слично на границите на движење кои им се задаваат на мигрантите во транзитните земји, па дури и во земјата - финална дестинација.

Ana Frangovska, кураторка

USAID Macedonia Macedonian Young Lawyers Association


https://www.facebook.com/events/1871467752865625/

http://telma.com.mk/femigratsii-umetnost-za-pravata-na-begaltsite/

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=gqiJMHy_Tvo

No comments:

Post a Comment